Мицкоски вети намалување на ДДВ-то во хотелиерството и угостителството и три нови странски инвестиции во првите сто дена

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашниот ТВ дуел со лидерот на СДСМ, Зоран Заев на МТВ изјави дека во следните 4 години граѓаните ќе имаат можност да видат како конечно некоја власт работи за сопствената држава.

Мицкоски истакна дека исто така во следните 4 години граѓаните ќе имаат можност да видат како се стигнува до рамен данок од 8% и е убеден дека овие бројки се реални и  дека може да ги постигнат.

– Не само тоа , туку и ДДВ за оние кои се најпогодени од Ковид-19 вирусот во хотелиерството и угостителството ќе го намалиме од 18% на 10% заклучно со 2021 година, потенцираше Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека нема да остане на само ова туку тоа е само дел од сетот економски мерки, кои се иновативни нови решенија.

– Она кое што СДСМ го нудеше на избори, е  во 2016 година беше дека ќе имаат просечен раст од 5%,а сега гледам дека го намалија на 4%, иако ако гледаме од оној квартал кога ја презедоа владата па се до денеска таа не е поголема бројка од 2%, а се уште не се калкулирани ефектите од вториот квартал годинава кои ќе бидат катастрофални.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има јасна методологија, јасен концепт кој наидува на одобрување на стопанските комори, на синдикатите и граѓаните.

Откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе власта во државата, како што рече Мицкоски, по 15 јули следува период на многу инвестиции со кои ќе се подобри животниот стандард на луѓето, ќе се отворат нови работни работи, ќе има повисоки плати, само во првите сто дена од новата влада ќе има три големи странски инвестиции.

Во дебатна емисијата, пак Зоран Заев најави дека во следниот 4 годишен мандат ќе донесат 6 нови инвестиции, а наброи 3 како што рече станува збор за „Еколог“, Икеа, Блек Стоун.

На овој мал број на инвестиции кои ги најави Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски реплицираше:

– Претпоставувам господине Заев овие се оние истите инвестиции како што дојде ФБ, Гугл. Исто како што денеска кога шетам низ Македонија ги гледам технолошките паркови на ГУГЛ, на ФБ, исто како што ја гледам новата фабрика на еден голем гигант во автомобилската индустрија „Фолксваген“ се сеќавате тоа се случи веднаш после оние уставни измени кои што по насилен пат ги направивте. Претпоставувам сите инвестиции кои сега ги набројавте три, а рековте дека се 6 на тој начин планирате да ги донесете во Македонија.