Една жена почина откако паднала од ролеркостер во забавен парк во департманот Оаза на северот на Франција.
Во соопштението на паркот „Сен Пол“ пишува дека несреќата се случила во саботата околу 13 и 45 часот, пренесува Си-Ен-Ен.Жената испаднала од седиштето кога се возела со ролеркостерот „Формула 1“.Брзата помош веднаш пристигнале на местото на настанот, но медицинскиот персонал не можел да ја оживее жртвата, која починала на лице место.
Уште еден смртоносен инцидент се случил на истиот воз во 2009 година . Деца високи најмалку 120 сантиметри е дозволено да се возат на овој воз, а паркот го рекламира возот Формула 1 како семејна атракција.
Забавниот парк „Сент Пол“ повторно е отворен на 6 јуни. Во паркот се утврдени упатства за коронавирус, вклучително и обврска за носење заштитна маска и мерка на социјална оддалеченост.