5 најдобри начини како сами да си ги избелите забите

Голем дел од популацијата има проблем со жолти заби или заби кои ја изгубиле својата боја. Белата насмевка секогаш привлекува повеќе внимание. Многумина ги корегираат своите слики токму заради жолтите заби. Самата култура на поднебјето каде живееме секојдневно нè притиска да направиме нешто што ќе ја промени нашата насмевка.

Морска сол, сок од лимон, и паста за заби

Измешајте половина лажичка морска сол и свежо исцеден сок од лимон со мала количина паста за заби во сад. Нанесете ја смесата на забите и оставете ја да отстои една минута пред да ја исплакнете устата темелно. Правете го ова 1-2 пати неделно.

Јаболков оцет и вода

Разредете половина лажичка јаболков оцет во чаша вода. Исплакнете ја устата со овој раствор секое утро пред да ги чистите забите.

Паста за заби, сол, сода бикарбона и сок од лимон

Се меша една лажица паста за заби, малку сол, малку сода бикарбона и 4-5 капки сок од лимон во сад. Четкајте ги забите со оваа смеса 4-5 минути. Ќе ја забележите разликата по само една употреба. Користете го овој метод еднаш на секои 2 месеци.

Млеко во прав и паста за заби

Млекото во прав ќе ви помогне да ги одржите Вашите заби бели. Ставете ја паста за заби на четка за заби, додадете малку млеко во прав и четкајте ги забите.

Активиран јаглен

Активираниот јаглен е еден од најлесните и најевтините начини за природно избелување на забите. Здробете малку од јагленот и ставете врз влажна четка а потоа исчеткајте ги забите.