Хрватските граѓани вчера избираа нов парламентарен состав. Гласачките места се затворија во 19 часот. ХДЗ освои мнозинство гласови, додека коалицијата „Рестарт“ потфрли со резултатите. Повеќе партии и коалиции ќе влезат во Собранието, како и Коалицијата Зелена-левица и коалицијата на Паметните, Фокус и партијата со име и презиме, како и на ХНС и реформистите на Радимир Чашиќ.
Според неофицијалните резултати на Државната изборна комисија, од 99 проценти од обработените избирачки места, ХДЗ е апсолутен победник на парламентарните избори во 8 изборни единици и гласовите од дијаспората, додека коалицијата „Рестарт“ предводена од СДП освои 2 изборни единици.
ХДЗ освои 66 места во новиот парламент, Коалицијата Рестарт 41 место, Татковинското движење 16, Мост 8 места и Можеме 7 места.
Според нецелосните резултати, во Собранието влегува коалиција на партиите Паметно, Фокус и Партијата со име и презиме, која освои 3 пратенички места и едно место го освои ХНС, како и реформистите на Радимир Шашиќ.
ХДЗ освои најмногу гласови со 1, 2, 4, 5, 6, 7, 9. и 10-та изборна единица додека коалицијата „Рестарт“ победи во 3-та и 8-та изборна единица.
Посебна изборна единица за избор на членови на хрватскиот парламент, во која гласа дијаспората на Хрватска ѝ даде на ХДЗ три места со 64,86 проценти од гласовите.
Осум члена на хрватскиот парламент ги избираат членовите на националните малцинства.