Третина од примероците на КОВИД-19 имаат знаци на мутација

Скоро 30 проценти од примероците од ковид-19 вирусот собрани од Светската здравствена организација (СЗО) имаат знаци на мутација, но нема докази дека ова довело до потешка форма на болеста, изјави официјалниот претставник на организацијата.

„Мислам дека е доста раширено“, изјави Сума Сваминанат, главен научник на СЗО, за Ројтерс на маргините на конференцијата на Здружението на новинари (АКАНУ) на ООН во Женева.

СЗО собра 60.000 примероци од вирусот досега, рече таа.

Научниците од истражувачкиот центар „Скрипс“ овој месец откриле дека до април 65% од случаите во светот биле мутирани вируси.

Генетска мутација на новиот коронавирус, со ознака D614G, значително ја зголемува неговата способност да зарази клетки и може да објасни зошто болеста се шири побрзо во северна Италија и Њујорк отколку порано за време на пандемијата.

Марија Ван Крхохов, епидемиолог на СЗО, рече дека мутираниот вирус е идентификуван уште во февруари и циркулирал во Европа и Америка.

„Засега нема докази дека ова води кон потешка форма на болеста“, рече таа.

Лидерот на СЗО, Тедрос Аданом Габриезус, рече дека организацијата наскоро треба да ги добие резултатите од клиничките испитувања на лекови кои би можеле да бидат ефективни во третманот на КОВИД 19.

„Скоро 5.500 пациенти во 39 земји во моментов се вклучени во испитувањата“, рече тој, осврнувајќи се на клиничките испитувања што ги води агенцијата на ООН.