Словенечката компанија „Пипистрел“ го произведе првиот електричен авион во светот, кој е одобрен од Агенцијата за безбедност во воздушниот сообраќај на Европската унија (ЕАСА), што значи дека ги исполнува безбедносните стандарди и може да се користи за комерцијални цели.
Авионот на батерии „Pipistrel Velis Electro“ е мал двосед наменет за обука на пилоти, пренесуваат агенциите.
Може да лета 50 минути, а со дополнително напојување и подолго, што е типично за употреба во училиштата за летање.
Чекор напред за воздухопловната индустрија
“Почнавме да летаме на електричен погон во 2007 година и произведовме повеќе од осум авиони пред Велис Електро. Направивме сè што треба за да имаме овластен сертифициран тип на авиони, како од технолошки, така и од гледна точка на корисникот”, рече директорот за истражување и развој во Пипистрел, Тина Томашиќ.
Сертифициран тип на авиони, објаснува тој, значи дека може да се користи во комерцијални цели без пречки.
Томашиќ додава дека ова е чекор напред за авијациската индустрија како целина, што ќе овозможи електрификација на многу поголеми авиони.
Оваа година Пипистрел се очекува да испорача 31 авион „Велис Електро“ на клиенти во седум држави.