Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера изјави дека Владата ќе донесе одлука да ги затвори ноќните клубови, сплавовите, кафулињата кои немаат тераси, во периодот од 23 до 6 часот наутро и дека ќе бидат затворени и сите студентски домови во Белград.
Забранети се јавни собири во затворени простории за повеќе од 100 лица и на отворено за повеќе од 500. Тој исто така најави казни од понеделник за неносење маски во јавниот превоз и трговските центри.
Вучиќ рече дека најголем проблем е Белград, односно дека 82,5 проценти од заразените биле од Белград.
Владата ќе донесе одредени мерки, рече Вучиќ: „За две недели ќе ги затвориме ноќните клубови и сплавовите од 11 часот до 6 часот наутро, во тоа време имавме најголем број заразени лица, истото ќе важи и за кафулињата, освен за оние кои имаат тераси “, рече тој.
Од понеделник државата ќе воведе казни од околу пет или шест илјади динари, за оние кои не носат маски во трговски центри и во јавен превоз, додаде тој.
„Овие се мерки што почнат од денес, а ако тоа не даде резултати ќе се консултираме со луѓе од Кризниот штаб … Ако можев да одлучам сам – ќе го затворев Белград и ќе воведам седумдневен полициски час“, додаде тој, наведувајќи дека тоа е најбрзото и најболното безболно решение.
Доколку овие мерки не бидат доволни, ќе одиме понатаму, рече Вучиќ.