Чесите со гозба на маса од половина километар го испратија коронавирусот

2.000 лица прославувајќи на маса долга половина километар преку Влтава на стариот Карлов мост во Прага, Чесите синоќа со песна и танц го слават симболичното збогум на коронавирусот и ограничувања поради пандемијата, кои ќе останат делумно само во локалното жариште во рударскиот регион околу Карвина.

Жителите на Прага и туристите можеа да седат на масата од 18 до 22 часот, под услов да донесат храна и пијалоци, но заради голем интерес, тие мораа да се регистрираат однапред, преку Интернет, а само неколку места им беа оставени на минувачите.

Прославата беше организирана по повод крајот на рестриктивните мерки поради COVID19 кои траеа подолго од три и пол месеци.

Организацијата на настанот ја помогнала и општината Прага, на чија територија се наоѓа античкиот мост, а беше поддржана како манифестација на обновување на довербата кај народот од страна на градот Прага и градоначалникот Зденејк Хџиб.

“Одливот на туристи од Прага сега има позитивен ефект, така што градот повторно ѝ служи на првобитната намена – така што жителите на градот поминуваат време заедно во него. Во главната туристичка сезона, вакво нешто би било практично невозможно”, рече градоначалникот.