Мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 29-годишник од селото, удрил во девојче пешак на возраст од пет години. Оваа несреќа се случила во струмичкото село Банско, во вечерните часови на 29 јуни.

Девојчето од ударот се здобило со тешки повреди и било пренесено во Медицинскиот центар Струмица.

На месотото на инцидентот бил извршен увид од екипа од СВР Струмица.