Од среда, соседна Грција ќе отвори седум гранични премини на копнените граници со Македонија, Албанија, Бугарија, Турција, соопшти портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите.
Во однос на нашата земја, ќе биде отворен само граничниот премин Евзони (Богородица), додека пак кон останатите три земји отворени ќе бидат по два гранични премина.