Лидерот на СДСМ изјави дека и пензиите ќе се зголемуваат согласно трошоците на живот.

До крајот на мандатот новата влада ќе ја зголеми минималната плата на 20.000 денари, а просечната ќе изнесува 34.000 денари. Ова денеска го најави претседателот на СДСМ, Зоран Заев на прес конференцијата во Штип.

Лидерот на СДСМ изјави дека и пензиите ќе се зголемуваат согласно трошоците на живот.

– Најниските пензии ќе се зголемат за 21 отсто до 2024 година – рече Заев.

Тој вети и 2,2 милијарди евра јавни инвестиции и 1,2 милијарди евра директни приватни инвестиции.

– Тоа ќе донесе намалување на невработеноста на ниво од 3 отсто годишно и едноцифрена невработеност до крајот на мандатот – рече Заев.

Заев рече дека новата владата на СДСМ во новиот мандат ќе изгради експресни патишта во должина од 300 километри и локални патишта во должина од 950 километри и ќе продолжи со сериозни инвестиции во гасификација.