Вкупно 610 жени годинава пријавиле дека се жртви на семејно насилство. Истражувањата на ОБСЕ велат дека само 2 процени од жените кои физички и психички се малтретирани од партнерот пријавиле во полиција, па се претпоставува дека реалните бројки се поголеми од статиситиките. Многу мал број од пријавените случаи кога станува збор за жртви на семејно насилство се процесуирани или ја добиваат својата разрешница во судските постапки.
Пријави за сексуално насилство имало 8 за две години. Од Хелсиншкиот комитет за човекови права велат дека жртвите на сексуално насилство се уште несоодветно се третираат од МВР и од здравстените служби.
Трите центри за упатување на жртви на сексуално насилство нудат целосна медицинска помош за овие жени. Само во скопскиот работи тим од 40 лекари, медицински сестри и социјални работи и работат 24 часа секој ден во неделата.
Натали Петровска, извршна директорка на Коалицијата „Сите за правично судење“ на завршната конференција во рамки на проектот „Поддршка на имплементацијата на Националната стратегија за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 (модул за судски мониторинг) во организација на Коалицијата финансирано од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, посочи дека тоа најверојатно се должи на потребата од поголема сензитивност на институциите кои се први на фронтот во борбата против семејното насилство.
Таа истакна дека најчестата причина за одолговлекување на судските постапки што ја констатирале во текот на оваа година е неприсуството на странките во постапката, во најголема мера тоа е неприсуство на обвинетиот во постапката, некогаш неговиот бранител, но и отсуство на јавните обвинители во постапките.
Според истражувањата на ОБСЕ, поразителен е фактот дека три од пет жени мислат дека насилството врз жените е вообичаено.