Откако му беше изречена пресудата на Зоран Милевски – Кичеец, три години затвор, обвинителката Русковска бараше тој да остане во домашен притвор се до правосилноста на изречената казна.

Одбраната на Милевски бараше укинување на одлуката за домашен притвор со образложение дека неговиот татко е во тешка здравствена состојба и обвинетиот е единствениот што се грижи за него, бидејќи неговата мајка е во поодминати години.

Судот како отежителни околности ги ценеше општествената опасност од овој вид на кривични дела, начинот на сторување на кривични дела, тежината на кривичното дело, степенот на кривичната одговорност, умислата при извршувањето на кривичното дело кое му се става на товар. Исто така ги ценеше и олеснителните околности и тоа возраста на обвинетиот, неговата семејна состојба. Имено, тој е женет, татко на пет малолетни деца и води грижа за своите родители.

 Обвинителката Вилма Русковска првично е задоволна од висината на казната, но дополнително ќе одлучи дали ќе поднесе жалба. Но не ја исклучи можноста Милески во иднина да се појави како сведок во постапката против Јанева и Боки 13.