Мајкрософт денеска објави дека ќе ги затвори сите свои продавници и ќе има само онлајн продажба како дел од својата „стратешка промена во доменот на малопродажба“.
Како што е најавено, „Мајкрософт“ нема да ги отпушти вработените за време на таа промена. Наместо тоа, вработените во продавницата ќе се преселат да работат во корпоративните згради на компанијата.
Компанијата исто така соопшти дека ќе ги зголеми инвестициите во Microsoft.com, како и продажбата на Xbox и Windows.
Технолошкиот гигант наведува дека неговите продавници се затворени уште од март поради пандемијата на коронавирус и дека работниците успеале да им обезбедат мрежна поддршка на клиентите.