Да се стане родител е најубавото чувство на светот. Додека пак да знаеш дека ќе добиеш повеќе од едно бебе одеднаш е неверојатно!
Но, можете ли да замислите какво е чувството кога ќе ви кажат дека ќе добиете четири бебиња наеднаш? Е па, ова им се случи на Џени и Крис Мар, кога отидоа на првиот ултразвук во ноември.
Првично се загрижија кога го видоа чудниот изглед на лицето на лекарот, па веднаш прашаа дали има некаков проблем:
„ Не, нема никаков проблем, слушаме три отчукувања на срце.”
Џени и Крис беа воодушевени, но тоа не беше единственото изненадување таа недела. На закажаниот преглед кај специјалист за фетуси, им кажаа дека ќе добијат четири бебиња.
Џени и Крис се единствени деца во своите семејства, и немаат фамилијарна историја на повеќе бебиња. Затоа, беа шокирани.
Крис тога низ смеа изјавил:
– Не доаѓам на следен преглед, да не ни кажете дека се пет бебиња.
Според нивниот лекар во Тексас, ова е „чудо“, бидејќи идентични, спонтано зачнати раѓања на четворка се јавуваат кај 1 на 11 милиони или 1 на 15 милиони раѓања.
Извор:Женски магазин