Американскиот претседател Доналд Трамп имаше закажно прес-конференцијата за денес, но истата не се одржа, бидејќи ја откажа и го напушти самитот на НАТО во Лондон. Непосредно пред тоа, за премиерот на Канада, Џастин Трудо, рече дека е дволичен.
На интеренет излезе видео на кое се гледа како светските лидери, меѓу кои и премиерите на Велика Британија и Канада, Борис Џонсон и Џастин Трудо, и францускиот претседател Емануел Макрон го озборуваат Доналд Трамп.
