Ајфеловата кула повторно отворена за туристите

Ајфеловата кула повторно од вчера повторно е отворена за посетителите, откако пандемијата го принуди обележјето на Париз да се затвори најдолг период од Втората светска војна.

Воспоставени се строги мерки за хигиена и безбедност, а бројот на посетители е ограничен.

Посетителите на кулата висока 324 метри, до почетокот на јули ќе можат да се искачат само по скалите, бидејќи лифтовите не се користат од безбедносни причини.

На посетителите не им е дозволено да се искачуваат над второто ниво на кулата, а секој на возраст над 11 години мора да носи маска. Менаџерите се надеваат дека турите за посета ќе се вратат во нормала подоцна во текот на летото.

Ајфеловата кула ја посетуваат околу седум милиони луѓе секоја година, а околу три четвртини од нив доаѓаат од странство, според веб-страницата на обележјето.