Ливерпул ја освои титулата во „Премиер“ лигата

Победата на Челси над Манчестер Сити синоќа, после 30 години ја донесе долго очекуваната3 титула англиски на Ливерпул.

Ливерпул на тој начин ја заврши својата долга агонија и ја освои 19-та титула во клупската историја. Тие ја обезбедија титулата најдобар англиски клуб во Премиер лигата дури седум кола пред крајот на првенството и со предност од 23 поени.

Синоќа на домашен терен Челси го совлада актуелниот англиски шампион, тимот на Пеп Гвардиола.

Головите за ги постигнаа Кристијан Пулишиќ и Вилијан, а стрелец на единствениот гол за Манчестер Сити беше Кевин де Брујн, со тоа му ја обезбедија титулата на Ливерпул.