ДИК ги одби приговорите за предвремено започната кампања

Изминатиов период до Државната изборна комисија од страна на учесниците во изборниот процес беа поднесени 37 приговори за предвреме започната кампања.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Обнова на Македонија поднесоа 24 приговори за предвреме почната кампања на СДСМ.

Од страна на СДСМ и коалицијата Можеме беа поднесени 12 пригивори против ВМРО-ДПМНЕ и 1 приговор поднесоа од Левица против СДСМ.

Поради немање доволно докази, како што изјави претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, овие приговори беа одбиени.

Членот на ДИК, Борис Кондарко истакна дека сите приговори не ги исполнуваат законските дејствија предвидени во членот 69а од Изборниот законик и предложи изтите да бидат одбиени како неосновани.

ДИК едногласно ги одби сите приговори како неосновани.