Виетнам, како држава која граничи со Кина и има 95,5 милиони жители, успеа да ја ограничи епидемијата на само 352 случаи на зараза и досега нема ниеден починат од ковид-19. Тоа е благодарение на агресивната, целна програмата на тестирање и централизираниот систем на карантин
„Нема никаква смисла да брзаме со отворањето на границите. Виетнам сѐ уште не е подготвен повторно да ги прими странските туристи. Странски експерти, висококвалификувани работници и инвеститори се добредојдени во Виетнам, но сите ќе бидат строго набљудувани“, изјави Фук.
Повеќе од два месеци, земјата нема пријавено случај на локално пренесување на коронавирусот. Во почетокот на месецот, Виетнам најави дека планира да ги обнови летовите со земјите кои најмалку 30 дена немаат регистрирано нов случај на коронавирус.