Кога сите се понадеваа дека пандемијата со коронавирусот ќе биде ставена под контрола и опасниот невидлив „непријател“ ќе биде уништен во поширокиот регион на Балканот, но и во Европа, стигнуваат сериозни закани за втор удар.
Целиот Балкан трепери пред новиот налет од коронавирусот. Покрај Македонија каде ситуацијата е најкритична бидејќи повеќе денови наназад се регистрирата трицифрени бројки на новозаразени, и се придружуваат и земјите од соседството.
Во Србија бројот на новинфицирани во дневните извештаи надминува по 100 лица, а ништо подобра не е сликата со рекордни заболени ни во Хрватска, БиХ… но и во сите други земји во регионот на Балканот.
Во Хрватска вчера се евидентирани 22 случаи со коронавирус, а веќе утрово бројката е 50 ! Веќе се регистирани 2.388 заразени лица, а сите очи се вперени кон Задар каде изминатиов викенд се одржуваше тенискиот турнир Адрија тур на кој неколкумина тенисери меѓу кои и првиот светски тениски рекет Новак Ѓоковиќ беа позитивни на тестирањата.
Во Загреб моментално се активни 79 случаи, а утрово се регистирирани 28 нови. Во самоизолација се испратени 591 лице.
Поради тоа од денеска повторно е воведено задолжително носење на заштитни маски во јавниот превоз, а сите лица кои пристигнуваат на нивните граници од БиХ, Србија и Македонија задолжително се испраќаат во 14 карантин.
И Белград е во слична ситуација. Заштитните маски се задолжителни во јавниот превоз.
Повеќе на 24инфо