Ким Кардашијан е од оние славни личности кои живеат луксузен живот, а имаат помошници и дадилки за сè низ домот, но на Инстаграм со последната објава се обиде да се покаже во друго светло.
За да ја рекламира нејзината линија облека за по дома и за спиење, Ким се обиде да се претстави како секоја „обична“ жена по дома. Без шминка и градник, во лежерна облека, таа пушта машина за перење, јаде пуканки и лежи во кревет.