Водата од реката Брегалцица доби бела боја во делот кај стопанските објекти во кругот на поранешниот текстилен комбинат „Македонка“ во Штип.

Екипи од крим техника од штипската полициска станица и членови на Здружението на спортски риболовци „Брегалница“, попладнево земаа мостри од каналот за отпадни води тој излегува од кругот на стопанските објекти.

Спортски риболовци најавија дека примероците од водата ќе ги испратат во Скопје, за да се открие какви хемекалии попладнево се испуштени од овој канал. Тие бараат на терен да излезат и инспекторите од Државниот инспекторат за животна средина за да откријат, кој стопански субјект ја направил хаваријата.

Според нив, ова не е првпат Брегалница да ја смени бојата во штипскиот регион. Посочуваат дека пред две години водата добивала и црвена, сина и црна боја. Инспекторскиот увид тогаш не откри виновници, туку беше откриен пропуст кај неколку компании во кругот на поранешна „Македонка“, а кои се занимаваат со боење ткаенини.