Раскинувањето е често тежок и болен процес, кој предизвикува непромислени акции, вклучувајќи го и следењето на бившите партнери на социјалните мрежи. Психолозите посочуваат дека таквата навика е штетна.
Интернетот ни нуди многу можности – учење на далечина, комуникација, нови пријатели, работа. Меѓутоа, технолошкиот напредок ни нуди и многу достапни информации за луѓето кои нè интересираат. Тоа особено може да е поврзано со зависноста за бившиот партнер.
Шпиунирањето на бившите може на почеток да ни делува како многу несериозна постапка, па дури и безопасно, и може да биде така, но најголем дел од луѓето решаваат да продолжат и се задлабочуваат уште повеќе.
Тоа предизвикува некаква илузија, особено ако добиваме впечаток дека личноста е задоволна од својот живот. Најголемиот проблем е тоа што ваквата навика нè исцрпува, нè прави осамени, па и летаригични и депресивни. Енергијата се троши на лош начин.
Единствен начин да си помогнете себеси е да се отргнете од честото проверување на социјалните мрежи на бившиот партнер и наместо тоа да направите нешто друго корисно. За тоа е потребна волја, но ако паднете на искушение, имајте на ум какви се ефектите од таквиот избор.
Раскинувањето никогаш не е лесно, но најдобро е да продолжите напред. Сè се случува со причина.