5 знаци дека можеби сте биле заразени со коронавирус

Со пристигнувањето на нови предупредувања околу ширењето на коронавирусот, сигурно се прашувате дали тоа што сте се чувствувале лошо во февруари, значи дека, всушност, сте биле болни од новиот вирус?

Еве што советуваат стручњаците да проверите ако мислите дека сте се заразиле:

Сте биле болни во февруари

Ако сте се разболеле во јануари, веројатно не е во прашање ковид-19, вели д-р Адам Спивак и додава дека вирусот се појавил пред епидемијата, па ако сте биле болни кон крајот на јануари и на почетокот на февруари, можно е да било во прашање заразата со новиот коронавирус.

Кашлицата и температурата што сте ги имале не биле симптоми на грип

Се чувствувавте многу лошо, неколку денови имавте температура со силна кашлица, но не бил во прашање грипот. Можно е дека станувало збор за зараза со коронавирусот

Одеднаш сте ги изгубиле сетилата за мирис и вкус

Околу 64,4 отсто од луѓето што биле или се заразени со ковид-19 пријавиле дека одеднаш добро не ги чувствувале мирисите и вкусовите, па овој симптом се најде на листата на најважните симптоми за коронавирус.

Ваши блиски биле болни

Многу луѓе имале благи симптоми на заразата, вели д-р Бенџамин Сингер, професор по пулмологија, и додава дека ако сте биле во близина на заразени лица, големи се шансите и самите да сте се заразиле.

Прстите на нозете ви изгледале чудно

И ова е еден од симптомите, иако не е секогаш присутен, вели д-р Сингер и додава дека промените на кожата може да бидат симптом на инфекцијата, особено на стапалата.