Поплави ја зафатија Србија, при што прогласена е вонредна состојба во Осечина, Крупањ, Лозница и Љубовија каде е најкритично. Сообраќајот на неколку регионални патишта е во прекин.

Водостоите на реките во западна Србија се зголемуваат, а на некои места веќе се излеале.

Попладнево се излеала реката Јадар во близина на Осечина при што се поплавиле околу 150 куќи и неколку земјоделски објекти.

Невремето го погоди и Белград, каде имаше обилни врнежи.