Рускиот претседател Владимир Путин размислува повторно да се кандидира за претседател доколку руските гласачи го одобрат контроверзниот уставен амандман. Русија од 25 до 1 јули ќе одржи национално изјаснување за предложените промени на Уставот, меѓу кои е амандманот кој ќе му овозможи на Путин да се натпреварува за уште два шестгодишни мандати кога во 2024 ќе му истече актуелниот мандат.
„Сè уште не донесов никаква одлука. Но, не ја исклучувам можноста да се кандидирам за оваа функција ако се појави таквата опција во Уставот. Ќе видиме”, изјави Путин за државната телевизија.
Путин, кој е на власт веќе две децении и сега има 67 години, сугерираше дека потрагата по кандидат кој би го наследил би можела да стане преокупација во случај тој да не се кандидира повторно.
„Ако тоа не се случи, за отприлика две години, знам од лично искуство, нормалниот ритам на многу делови на власта ќе го замени потрагата по можни наследници“, пренесува агенцијата Интерфакс.„Мораме да работиме, а не да бараме наследници“, додава Путин.