Бугарскиот тенисер Димитров кој учествуваше на турнир во Задар објави дека е позитивен, а Ѓоковиќ имал близок контакт со него
Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, одби да се тестира за коронавирус во Хрватска, откако бугарскиот тенисер Григор Димитров, кој учествуваше на турнирот во Задар и беше во близок контакт со него, објави дека е позитивен.
Како што објавија српските медиуми Ѓоковиќ не сакал да се тестира, затоа што се чувствувал добро и немал симптоми. Истото образложение го дале и другите лица од неговиот тим и околината.
Тренерот на српскиот тенисер, Горан Иванишевиќ, на своја иницијатива, направи анализа пред три дена, а резултатот беше негативен.
Медицинската служба на Задар им овозможи на тенисерите да си заминат без да поминат тестови. Сепак, некои играчи направија тест и ги чекаат резултатите.