Се враќа старото работно време на угостителските објекти

Владата на Република Македонија, на вчерашната седница, на предлог на Комисијата за заразни болести, донесе измени на Протоколот за отворање и работа на кафетериите и на Протоколот за отворање и работа на угостителски објекти за исхрана со кои овие објекти сега ќе можат да работат според работното време утврдено во нивните лиценци за работа, наместо до 22:00 часот како што до сега беше определено со овие протоколи.

Измените на овие протоколи стапуваат во сила со денот на нивното објавување во „Службен весник“.

Согласно лиценците за работа, работното време преку неделата ќе биде до 24.00 часот, а за време на викендите до 01.00 часот.