При прошетка покрај брегот во Јужна Африка Адел Грос и нејзиниот сопруг биле сведоци на незаборавна глетка, наишле на џиновска лигња од 4 метри и 330 килограми.

Адел го снимила ова несекојдневно доживување.

„Првата помисла ми беше дека мора да ја вратиме во океанот, но кога погледнавме подобро видовме дека е мртва“, раскажа таа за Live Science.

Интересно е што станува збор за помал примерок на овој вид чии женки достигнуваат дури до 18 метри.