Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска на својот ФБ профил напиша: Ветено, остварено. Дојдоа новите униформи.
Новите униформи, најави претходно Шеќеринска, ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Уредбата на претседателот.
– Во Преспанскиот договор имаме одреден период на транзација и никој не очекува работите да се променат преку ноќ, изјави министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, одговарајќи на новинарско прашање кога може да се очекува да бидат заменети ознаките и да се набават нови унформи за Армијата откако претседателот Стево Пендаровски ја потпиша Уредбата за преименување на АРМ.