Истражувањето вклучило и 4 илјади други пациент кои не биле третирано со лекот.

„Ова е исклучително добредојден резултат“ изјави професорот Питер Хорби од медицинскиот оддел на Оксфорд.

Ова е добра вест. Ова е значителен напредок во постојните терапевтски опции што ги имаме“, вели д-р Ентони Фаучи, водечкиот американски експерт за заразни болести.

Дексаметазон е во употреба од 1950-ите и служи за намалување на воспаленија, што понекогаш се развиваат кај пациентите со КОВИД-19 додека имунолошкиот систем засилено се бори со заразата. Оваа претерана реакција ги оштетува белите дробови, што може да заврши фатално.

Иако дексаметазонот се користи за смирување на воспаленија предизвикани од различни состојби, по се изгледа дека помага да се спречат оштетувањата кои во телото можат да се појават поради силната реакција на имуниот систем кој се активира во борбата со вирусот. Препораката е да се дава дексаметазон на болничките пациенти без одлагање. Но, никако не смее да се купува за да се користи во домашни услови, бидејќи според истражувањето, дексаметазонот не помага кај пациентите со лесни симптоми на корона вирусот. Лекот, е дел од широката палета на постоечките третмани кои се истражуваат, но влегува во категорија на лекови со најголем ефект.Истражувањето е финансирано до Британската влада и приватни донатори меѓу кои и фондацијата Бил и Мелинда Гејст.

Но, македонските лекари предупредуваат, граѓаните никако да не се затрчуваат во аптеките во набавка на овој лек, бидејќи земан на своја рака може да чини живот! – Ако се употребува во големи дози и подолготрајно, може да предизвика шеќерна болест, ја надразнува надбубрежната жлезда, ги пореметува хормоните во организмот, предизвикува остеопороза, супресија на коскената срцевина. Јас го земав во инфузија три дена и ми помогна. Корисен е, но никако да не се зема на своја рака- изјави доктор  Арбен Аголи за Слободен печат.