Драматично зголемен бројот на невработени лица во Кичево

Според статистиките на Агенцијата за вработување бројот на невработени лица во Кичево на 31 мај 2020 година изнесува 3198 лица.
Инаку бројот на невработени во 2019 година според Агенцијата за вработување изнесуваше 2524 лица.
Според официјалните статистики годинава скоро седумстотини лица ја изгубиле работата во овој град.
Кичевското стопанство ги живее најтешките денови од осамостојувањето до денес, бројката на невработени се зголеми за неверојатни 20% во Кичево и помина 3100 луѓе што бараат работа, обвинува Ѓорѓија Сајкоски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево.
Како што пишува Сајкоски, ова претставува прв пат од 2006 година да има раст на невработени во Кичево.
„Покрај затворање на бизниси во малото стопанство имаме испуштање на работници и кај најголемиот работодавач ЈСС. Се поголем е бројот на затворени дуќани. Ова навистина е жално за градот каде што немаше слободен дуќан. Но треба да се потсетиме дека до пред две години се бараше и дуќан но и работник плус“, пишува Сајкоски.