САД ја забрани употребата на два лекови против коронавирусот

Управата за храна и лекови (ФДА) на САД го отповика одобрувањето за итна употреба на лековите хидроксихлорокин и хлорокин за лечење на „Ковид-19“.

„По разгледувањето на тековните истражувања што се достапни за овие лекови, ФДА утврди дека лековите не ги исполнуваат „законските критериуми“ за овластување за итна употреба, затоа што веројатно нема да бидат ефикасни во лекувањето на  Ковид-19 врз основа на најновите научни докази“, се вели во соопштението на агенцијата.

ФДА заклучила дека, врз основа на нови информации и други информации дискутирани во приложениот меморандум, повеќе не е разумно да се верува дека оралните формулации на HCQ и CQ би можеле да бидат ефикасни во лекувањето на COVID-19.

Одобрението на ФДА за итна употреба на хидроксихлорокин и хлорокин се однесуваше само на хоспитализирани пациенти од „Ковид-19“.