Мух ја запознал Мита преку Фејсбук. Тие биле практично заедно неколку месеци, а кога се сретнале во него проработеле уште посилни емоции кон „неа“.
Кога ги известил родителите дека сака да ѝ предложи брак, тие во нејзиниот дом донеле мираз од 1.250 евра. Следувала свадбата.
Мита имала прекриено лице, па никој не установил ништо сомнително. Првата брачна ноќ Мита го одбила Мух!
Тој верувал дека е нервозна, па затоа не ја присилувал да имаат секс. Следниот ден, таа повторно го одбила, а потоа открил дека покрај себе имал маж.
Следувала полициска потрага по Ади, што било вистинското име на измамникот кој исчезнал на третото утро од бракот, кога Мух поднел барање за развод.
Ади бил уапсен, а сè уште не е познато како ќе биде казнет.