Арсовска: Податокот дека 21.000 вработени не земале плата за април показател за неликвидност на компаниите

На податокот на УЈП дека безмалку 21.000 вработени во приватниот сектор не земале плата за април, претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска, гледа како на информација којашто покажува дека претпријатијата во земјава се соочуваат со проблеми со ликвидноста.

Како што апелира таа, во вечерашното гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат, потребно е навремена реакција од државата.

„Доколку не се реагира соодветно, навремено, веруваме дека во следниот месец, податоците коишто ќе треба да се презентираат ќе бидат уште посериозни“, вели Арсовска.