Интегрален текст од прес конференцијата на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За обнова на Македонија:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија денес од Собранието поднесе иницијатива до владата, со барање во најскоро можно време до Собранието да го достави Законот за ратифификација на Северноатланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северноатланската алијанса (НАТО).

Согласно Уставот и Деловникот на Собранието на Македонија, Владата е таа која поднесува предлог закони за ратификација до законодавниот дом.

Нашата иницијатива има за цел да го забрза и да го обезбеди ратифукувањето на Северноатланскиот договор и Пристапниот протокол за членство во НАТО од страна на Собранието, пред истото да се распушти заради одржување на предвремените парламентари избори, кои треба да се одржат на 12-ти април 2020 година.

Сакаме да ја информираме јавноста дека ваквата постапка е пракса која во Северноатланската алијанса е воведена при зачленувањето на Црна Гора во НАТО. Тогаш во април 2017 година, Парламентот во Подгорица предвремено ги ратификуваше овие документи, а ратификацијата на протоколот за пристапување на Црна гора во НАТО од страна на Холандија и Шпанија се случи еден месец подоцна во мај 2017 година.

Ајде да видиме дали СДСМ и Зоран Заев сакаат одлагање на изборите затоа што се плашат од катастрофата што ќе им се случи на 12-ти април. Или пак навистина сакаат да Македонија да биде членка во НАТО алијансата.