Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев утрово ја информираше јавноста преку Фејсбук дека еден советник од неговиот кабинет е позитивен на Covid 19.
Како што соопшти Чулев, советникот не се инфицирал додека извршувал работни задачи, односно додека бил на работното место.
– Последен пат бил на работа на 02.06, а тестот го направил на 06.06, кога е потврдено дека е позитивен. Последната средба на Министерот со лицето била на 24.05.2020. Досега ниту едно лице од Кабинетот на министерот не е во изолација, пишува Чулев.
Информираше дека Министерството за внатрешни работи ги презема сите неопходни мерки за заштита на сите вработени во министерството.