Според статистиката на Светската здравствена организација, Македонија по бројот на заразени од КОВИД-19 во изминатите две недели е на трето место во европа, од вкупно 54 земји (согласно статистиката на СЗО).
Бројот на заразени во Македонија во изминатите 14 дена се покачил за 245 проценти, односно од 1156 на 3155 заразени на 9-ти јуни.
Најголемо покачување има во Андора, односно бројот на заразени се искачил од 89 пред две недели на 852 лица на 9-ти јуни.
Како втора земја со најголемо покачување на заразените со коронавирусот е Израел со петкратно зголемување на бројката.
Од позитивните примери со намалување на бројот на заразени се Хрватска и Словачка со намалување на бројот на заразени од 94, односно 82 проценти.
Статистиката на СЗО за земјите од нашето соседство во однос на бројот на заразени во минатите две недели е следна:
Бугарија има 15 проценти намалување на бројот на заразени, Албанија има покачување од 96 проценти, Србија намалување од 31 процент, а Грција покачување од 7 проценти.