Заев и споругата на прием кај британскиот премиер Борис Џонсон

Премиерот Зоран Заев, заедно со сопругата Зорица Заева, е во Лондон, на Самитот на НАТО.

Премиерот Зоран Заев заедно со сопругата синоќа беше во посета на официјалната резиденција на британскиот премиер Борис Џонсон. Заев за неговата посета извести на својот Фејсбук профил.

„Заев на својот Фејсбук профил напиша:

-”Downing 10″ синоќа беше ширум отворена за сите лидери од земјите членки на НАТО. Премиерот Борис Џонсон покажа одлично гостопримство за сојузниците од Алијансата, создавајќи топол предбожиќен амбиент во очи важниот лидерски НАТО состанок“

Тој на фејсбук објави фотографии, од кои една фотографија од него и неговата сопруга застанати до новогодишна елка, а тој во раката држи лампион на кој го пишува името на државата, Северна Македонија.