ВМРО-ДПМНЕ: Тормозењето на граѓаните не значи дека СДСМ има стратегија и мерки против епидемијата. Македонија е црна дамка на ковид мапата на Европа

во 09:39 часот

Заев и Филипче преку малтретирање на граѓаните сакаат да излажат дека се посветени и дека преземаат мерки за сузбивање на корона вирусот. За нив е ризично доколку луѓе рекреираат во Скопје или одат до маркет согласно протоколите, но нема проблем ако истите го напуштат градот. Бројките на заболени и починати ја разоткриваат нивната неспособност. Македонија е убедливо најлош пример на борба со епидемијата во Европа.

Вчерашната бројка на новозаразени од 180 е само уште еден доказ за неспособноста на оваа Влада.

Во време кога во регионот коронавирусот стивнува, во Македонија вирусот зема замав со 180-те нови случаи вчера, само заради некадарноста на власта.

Вкупно 1009-те активни случаи и 149-те починати, говорат за една неспособна Влада која единствено се грижи за свои интереси.

Доказ на непромисленоста на оваа влада е вчерашната прес конференција на Славјанка Петроска.

Петровска за потребите на Заев држеше прес конференција, иако со Решение на ИЈЗ, како што објавија медиумите истата е упатена во домашна самоизолација.

Доколку Славјанка Петровска има решение за самоизолација, таа го прекршила чл.2 ст.2 од Уредбата на владата за примена на законот за заштита на населението од заразни болести и сторила кривично дело казниво со закон.

На СДСМ им е важна само власта, затоа го ставаат во опасност и здравјето на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добивме хибриден режим, криминал и сиромаштија. – Стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.