Демонстрации има и во Мексико поради полициската бруталност која резултираше со смрт на еден човек кој бил апсен бидејќи не носел маска.

Синоќа над илјада демонстранти се собраа по улиците на Гвадалахара во сојузната држава Халиско да протестираат поради убиството на 30-годишниот Алехандро Џовани Лопес. Тој бил претепан од страна на полицијата во градот Ичтлауакан, наводно, поради тоа што не носел маска, а во Мексико коронавирусот зема сѐ поголем замав. Неколку часа подоцна починал во болница поради повреди на мозокот.

Под слоганот „Џовани не умре, држава го уби“ демонстрантите беснееја низ улиците палејќи полициски автомобили и напаѓајќи ги државните згради. При еден таков напад, фатен на видео, жив беше запален припадник на полицијата.