Реката Вардар кај тетовското село Фалише се полни со ѓубре. Фотографиите ги направиле од еколошкото друштво Еко герила од Тетово и го споделија на фејсбук за да се види дека „Вардар не не’ пере“ што се однесува до она што и го прават поединци на природата.

– Уништувањето на реките е едно од најгрдите дела против природата. Неодговорни лица кои фрлаат ѓубре покрај реките. Ова треба да е тешко кривично дело. Полицијата треба да преземе строги мерки. Ги молиме граѓаните да ги спречат истите и да пријават – реагираат од Еко герила.