Во Бразил за 24 часа починале 1.349 лица од коронавирусот

Во Бразил, во последните 24 часа од коронавирусот починале 1,349 лица, што е најголем број смртни случаи досега во таа јужноамериканска земја, која стана нов епицентар на епидемијата, соопшти Министерството за здравство.

32.548 лица починале од Ковид-19 во Бразил, додека 584.016 се заразени, додаде Министерството.

Бразил е единствената држава после Соединетите држави по бројот на заразени,  повеќе од половина од случаите на инфекција и смрт од вирусот во Јужна Америка се регистрирани во оваа земја.

Претседателот Болсонаро редовно повикува на укинување на рестриктивните мерки за зачувување на бразилската економија.