Автобуско метро или БРТ (Bus Rapid Transit) и во Скопје

На вчерашната 168 седница, Владата ја разгледа и усвои информацијата за воведување на БРТ (Bus Rapid Transit) на територијата на Град Скопје, кој претпоставува воспоставување на коридори резервирани исклучиво за капацитетни автобуси на електричен, или хибриден погон (плин и електромотори). Овој систем коридори на популарно нареченото автобуско метро ќе овозможи траса која е физички издвоена од останатите учесници во сообраќајот со што се обезбедува многу побрз и побезбеден транспорт, што ќе го направи јавниот превоз атрактивен и алтернатива на користењето на приватните возила за да се намали аерозагадувањето.

Брзиот транзит на автобуси го носи своето име од брз транзит на железницата, кој го опишува градски јавен превоз со голем капацитет со сопствена сообраќајна лента на патот. Изразот „БРТ“ главно се користи во Америка и Кина; во Индија се нарекува „БРТС“ (БРТ систем); во Европа и Индонезија, честопати се нарекува „автобуски автопат“; додека во британските острови, може да се нарече „квалитетен автобус“. Терминот транзит потекнува од 1981 година со отворањето на транспортот ОЦ Транспо во Отава, Онтарио, Канада.

Транс Џакарта

Во врска со оваа точка, Владата го задолжи Министерството за финансии да ја започне постапката со писмо за намери до Европската банка за обнова и развој за поддршка за изработка на физибилити студија, како и за можните опции за финансирање на комплетниот проект.