Од денес, Црна Гора веќе 28 дена официјално нема регистрирано нови случаи на коронавирус.
Според Институтот за јавно здравје, анализирани се 86 примероци за коронавирус од вчерашниот пресек.
„Бројот на активни случаи останува нула“, се вели во соопштението.
Од почетокот на епидемијата, во Црна Гора официјално биле регистрирани 324 случаи на заразени, се излечиле 315 лица, додека деветмина починале.