Денес напладне ќе биде изречена првата пресуда за случајот „Рекет“, и тоа откако вчера по еден ден судење третообвинетиот Зоран Милевски – Кичеец ја призна вината за обинението за кое е се гони од обвинителството.
Зоран Милевски – Кичеец се товари за примање награда и противзаконито влијание, додека првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева за „примање награда за противзаконито влијание“ и за „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Во завршните зборови бранителот на Зоран Милевски Кичеец, адвокатот Александар Новаковски, рече дека обвинетиот од самиот почеток на процесот, имал шанса како сведок да го избегне обвинението, но тој од незнаење се довел во ситуација да биде обвинет.
И истакна дека како олеснителни околности при носењето на пресудата судот да има во предвид дека е татко на пет малолетни деца и досега е неосудуван. Тој од самиот почеток, иако не призна вина, ја зборуваше вистината пред Јавното обвинителство. Верувам дека Судот ќе го цени и признанието на вина“, изјави адвокатот Александар Новаковски.
Обвинителката Вилма Рускоска, во воведен збор наведе дека ќе изнесат докази дека Боки 13 преку Кичеец први стапиле во контакт со Ана Камчева и дека не заборавил да ја земе торбата полна пари.
За Катица Јанева и Бојан Јовановски судењето за случајот „Рекет“ продолжува во пето
Јанева се наоѓа во домашен притвор додека Бојан Јовановски е во КПУ Затвор-Скопје каде што издржува мерка притвор.