Пендаровски ја продолжи вонредната состојба за уште 2 недели

По одржаниот состанок со Советот за безбедмост, претседателот Стево Пендаровски донесе одлука да прогласи вонредна состојба за нови 14 дена.

Тој повика на одговорно однесување од страна на граѓаните во време на пандемија од корона вирусот и казнување на неодговорните.

Пендаровски побара од лидерите да се договорат меѓусебно околу датумот за одржување на вонредните парламентарни избори.

На седницата, покрај постојаните членови на Советот, присуствуваше и министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти Кабинетот на шефот на државата.

ВО ЖИВО: Изјава по одржаната седница на Советот за безбедност

ВO ЖИВО: Изјава по одржаната седница на Советот за безбедност

Posted by Stevo Pendarovski on Saturday, May 30, 2020