Денес во Собранието седница за автентичното толкување на Законот за помилување

Денес во 14 часот на ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНАТА КОМИСИЈА во собранието на Република Македонија започнува расправата за автентичното толкување на членот 11 од Законот за помилување.

Вчера од владата го доставија мислењето во однос на автентичното толкување според кое помилувањата дадени од претходниот претседател на државава, Иванов во 2016 година се незаконски и немаат правно дејство.

Законодавно правната комисија врз основа на мислењето од Владата , оценува дали барањето за давање на автентично толкување е оправдано, при што изготвува предлог на автентично толкување и го доставува до Собранието.

Собранието најрано ќе го разгледува автентичното толкување на седницата закажана на 11 декември.