Претседателот на САД, Доналд Трамп, на прес-конференција во Белата куќа објави дека САД ги раскинуваат сите врски со Светската здравствена организација.
Трамп жестоко ја критикуваше кинеската влада и ги обвини Пекинг и СЗО за пандемијата на коронавирусот. Тој, исто така, на прес-конференција изјави дека вмешаноста на Кина во економијата е добро позната низ целиот свет, истакнувајќи дека Пекинг со децении ги експлоатира САД.
Тој исто така најави дека ги прекинува врските со Светската здравствена организација и дека тие средства ќе ги пренасочи кон другите здравствени организации, изјавувајќи дека Кина целосно го контролира СЗО.